„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поскапува парното за 5%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
299509404_1172966359952879_737114708362148672_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје ќе се зголеми за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.

— реклама —

„По доставено барање од страна на ЕСМ Дистрибуција на топлина, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Снабдување на топлина, РКЕ пристапи кон длабинска анализа која покажа дека цената на природниот гас во последниот квартал од изминатата година е реално зголемена на светските берзи за 16%. Во одлуката од јули пресметката за цена на топлинска енергија е направена со прогнозирана цена на природен гас од 37 евра за 1 MWh (Q4 2024), a сега при набавка на природен гас постигната е цена од 43 евра 1 MWh. Како што знаете, ние сме 100% зависна земја од увоз на природен гас, енергенс кој е основно гориво за работа на топланите и за да продолжи непречена испорака, неопходно беше да се донесе оваа одлука. Ова зголемување се очекува просечната сметка да ја зголеми за околу 100 денари и од сегашните 2100 денари, од февруари да се плаќа околу 2200 денари. Вие знаете дека минатата година имавме обратен процес кога цената на природниот гас на берзата беше пониска од предвидената и поради тоа донесовме поволна одлука за категоријата останати корисници. Сметките тогаш се намалија за 35 %.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

РКЕ во текот на следната недела ќе го разгледа и ќе донесе одлука по барањето за цена на ЕСМ Енергетика кои снабдуваат околу 2000 корисници.

— реклама —

Новата цена на сила е од 1 февруари 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања