Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

После мачната смрт дознала дека девојчето воопшто не била нејзино биолошко дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
devojce

Судбината знае некогаш да си поигра. Кога ѝ била убиена ќерката, Елена Александрова не можела да се помири со тоа, а дури после нејзината мачна смрт дознала дека малата Јана воопшто не била нејзино биолошко дете.

После злосторството, клопчето почнало да се одмоткува, а се дознало дека Јана (10), како и нејзината постара сестра Алина со години биле сексуално злоставувани од очувот Јури. Тој бил главниот осомничен, но утврдено е дека зад мачното убиство стои неговиот брат Олег.

Јури бил осуден на 13 години затвор а Олег на доживотен затвор. Мајката не знаела за пеколот низ кој минувале девојчињата.

— реклама —

Кога дознала за ужасното злосторство, Елена морала да го идентификува телото на Јана, кое било пронајдено во шума во областа Ленинград. Таа ја препознала по облеката што ја носела.

Меѓутоа, ДНК анализата покажала дека таа воопшто не е нејзина ќерка.

— реклама —

Полицијата утврдила дека бебето било сменето во болницата во јануари 2001. година.

Тие ја нашле вистинската ќерка на Елена. Живеела со семејство кое исто така немало поим дека нивните деца биле заменети по раѓањето.

Отпрвин, Елена не можела да го прифати фактот дека Јана не е нејзино дете и сметала дека облеката ја ставиле на друго девојче.

— реклама —

„Мислам пронајденото мртво девојче не е мојата ќерка“, рекла таа во тоа време.

— реклама —

Фото: RusArmy.com

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања