„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Последен аплауз за Фросина Кулакова: Белград ќе ѝ оддаде почит со ревија на нејзината последна колекција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
frosina111

Модниот свет ќе ѝ се поклони на Фросина Кулакова на 26 октомври во Белград, во рамки на финалната вечер на „Топ Модел Европа Балкан“ што ќе се одржи во престижниот хотел „Москва“. Неповторливата дизајнерка, која остави силен печат во македонската мода, ќе биде чествувана со специјална трибјут-ревија на нејзината последна колекција.

— реклама —

Токму оваа колекција, создадена со нејзината препознатлива креативност и посветеност, ќе ја потсети публиката на уникатниот потпис што Кулакова го внесе во модната сцена. Настанот ќе претставува симболичен „последен аплауз“ – ревија во нејзина чест, која ќе ја овековечи нејзината работа и страст кон модата.

„Топ Модел Европа Балкан“ оваа година носи силен македонски печат. На сцената ќе дефилираат 20 македонски манекени и манекенки кои ќе се натпреваруваат за титулата и можноста да го претставуваат Балканот на големото финале во Брисел. Жирито ќе ги оценува според харизмата, сигурноста и умешноста да ги презентираат модните дела.

— реклама —

Заедно со Кулакова, публиката ќе ги проследи и креациите на уште две познати македонски дизајнерки – Душица Шалева, со нејзините ексклузивни модели од високата мода, и Ирина Тошева, која носи современ и иновативен пристап.

„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот,“ изјави Шалева, која е и директорка на „Топ Модел Европа Балкан“.

Белградската вечер најавува спектакл исполнет со стил и емоции, а трибјут-ревијата на Фросина Кулакова ќе биде најсилниот момент – потсетник на нејзината оставнина и инспирација за идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања