Последен ден за пријавување за гласање на болни и немоќни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izbori

Вечер на полноќ завршува рокот за пријавување до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните на Локалните избори на 17 октомври, додека рокот за лицата со ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица гласаат ден претходно, во сабота на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба.

— реклама —

За пријавувањето на болните, немоќните и лицата со ковид-19 или во самоизолација, ДИК изготви посебни упатства со услови што треба да ги исполнат овие лица ако сакаат да гласаат дома.

— реклама —

Гласањето на лицата со ковид-19 или во самоизолација го спроведува посебен избирачки одбор составен од здравствени работници. Предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање. ДСЗИ е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до ОИК податоците за лицата пријавени со Ковид-19 или во самоизолација.

— реклама —

Избирачите кои на денот на гласањето се згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа гласаат во установата каде што се згрижени, еден ден пред денот определен за одржување на изборите, по претходна пријава до одговорното лице на установата каде се згрижени. Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор на чија територија се наоѓа установи за вонсемејна грижа, на 16 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања