Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Последна сесија на „Охридски дијалог“, дел од темите за анализа - придонесите, но и придобивките пред земјава да стане полноправна членка на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
26102019_VRSM_Ohridski_dijalozi_zavrshna_sesija-3

Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог“ на која учествуваше министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши овогодинешната средба на членови на Владата на Република Северна Македонија, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

— реклама —

Дел од темите кои беа анализирани беа и придонесите, но и придобивките на Северна Македонија, кои треба да се очекуваат во последните месеци пред станување полноправна членка на НАТО, но и во периодот кој ќе следи.

— реклама —

Говорниците со согласија дека Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија. Безбедносните реформи кои беа преземени, како и постојаната работа на унапредување на стабилноста на институциите на системот треба да бидат континуиран напор.

— реклама —

„Охридскиот дијалог“ кој е во организација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет се одржа во текот на изминатите три дена.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања