„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Последна сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Incluziven_razvoj_09282020002

Денес се одржа последната форумска сесија на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен развој“, што преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се реализира со помош на Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

— реклама —

Во името на Советот на градоначалниците пред пристуните се обрати градоначалникот Константин Георгиески, при што изрази благодарност до Швајцарската агенција, министерството и Центарот за развој на југозападниот регион за успешното релизирање на предвидената програма.

 

— реклама —

– Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од есенцијално значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, работата на Центарот за развој на југозападниот регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка е од исклучително значење за локалните самоуправи.

Како што знаете Општина Охрид активно е вклучена во овој процес и реализираше проект за уредување на пешачка патека, во стариот и најатрактивен туристички дел од градот. Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри, а целиот проект чинеше 3 милиони денари за Охрид. Овој проект значајно придонесува кон подобрување на туристичката понуда на Охрид.

Очекуваме во наредната година да го реализираме и проектот за “Реконструкција и опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“. Со овој проект значајно ќе придонесеме кон подобрување на социјална инклузија за пристап до здравствени услуги во целиот Југозападен плански регион – истакна во своето излагање градоначалникот Георгиески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања