Последната желба на Роберт Редфорд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-libraryik1emasjkp7u3aFIyaV

Холивудската икона Роберт Редфорд почина во вторникот, а сега се откриени и деталите за неговата последна желба.

— реклама —

Ѕвездата на филмот „Моја Африка“, кој почина во сон во својот дом, „оставил посебни упатства за едноставна погребна церемонија само за семејството“, се наведува. Неговиот претставник потврди дека церемонијата ќе биде тивка и приватна.

— реклама —

„Без црвени теписи. Без камери. Без холивудски циркус. Семејството бара приватност“, стои во соопштението. Сопругата на Редфорд, Сибил, ќерките Шона и Ејми и седумте внуци „ќе се соберат во планините на Јута на скромна служба за да се простат од саканиот сопруг, татко и дедо“.

— реклама —

Почесен гест од семејството на Пол Њуман
По веста за смртта, семејството на неговиот голем пријател и колега, Пол Њуман, му оддаде почит. Холивудските легенди заедно глумеа во класиците „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „The Sting“, а ќерката на Њуман, Нел, нивниот однос го опиша како „филмско пријателство што прерасна во вистинско пријателство“.

За „People“ таа изјави: „Имаа два одлични филма заедно и тоа беше навистина силна врска. Мислам дека тоа ги зближи.“

Нел се присети и дека Редфорд бил „добро влијание“ врз нејзиниот татко, кој почина во 2008 година, поттикнувајќи го неговиот интерес за прашања поврзани со заштитата на животната средина.

Меѓу многубројните колеги кои се простија од Редфорд беше и Леонардо Ди Каприо, кој го нарече „апсолутна легенда“ на филмската индустрија.

„Многу тажна вест, многу тажен ден. Загубивме апсолутна легенда во нашата индустрија“, рече Ди Каприо на лондонската премиера на неговиот нов филм.

„Му се восхитувам не само поради неговата работа како актер, туку и како режисер. Тој го постави темелот за политичките трилери, со филмовите Сите луѓе на претседателот и Трите дена на Кондорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања