Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Последните 100 дена од мандатот на новата Влада ќе ја води премиер албанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-ahmeti-1

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на работната средба што се одржа денеска во Скопје постигнале договор за формирање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат од 4 години.  Информацијата на прес конференција ја соопштија двајцата лидери, посочувајќи дека постигнатиот договор ќе биде рзгледан од највисоките органи на двете партии.

Заев и Ахмети се договориле на последните 100 дена од мандатот на новата Влада, да биде поставен премиер на предлог на ДУИ.

— реклама —

Заев изјави дека „ДУИ покажала големина и доблест“, па оттаму и тој покажал доблест и самиот, без консултации во СДСМ, предложил премиер на предлог на ДУИ да ги води последните 100 дена од редовниот мандат.

— реклама —

„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на Владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка влада, технички министри и технички премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Заради оваа големина и доблест од ДУИ, без било какви претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија, покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот кој ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, рече Заев.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања