Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Последното осумчлено авганистанско семејство ја напушти Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
avganistanci-avganistan

Успешно заврши мисијата за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан ангажирани од НАТО, вели Бујар Османи.

— реклама —

„Денес, последното осумчлено авганистанско семејство Ахмадзаи претходно ангажирано од НАТО ја напушти Северна Македонија, со што успешно ја заокруживме мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои во земјава беа преземени од базата “Бехтел” во Косово

— реклама —
— реклама —

За време на нивниот престој во Северна Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен Крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес.

— реклама —

Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата “Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина“, информираше Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања