„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пошта ја обновува традицијата - Макрадули: Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
makraduli

Новиот директор на Македонска пошта, Јани Макрадули преку видео објавено на социјланата мрежа Фејсбук, започна акција во која апелира обновување на традицијата.

— реклама —

„Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти на оваа заедничка иницијатива. Да ја вратиме довербата кај граѓаните“, вели Макрадули во видео пораката.

— реклама —

Со промотивниот пакет,  кој го усвои Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, се намалуваат цените за достава на пратки од адреса до адреса со тежина до пет килограми. Новата цена на услугата изнесува 80 денари во промотивниот период. Секое заинтересирано лице кое сака да испрати пратка од која било адреса на територија на град Скопје тоа може да го направи со јавување на телефонскиот број 15 000.

Пакетот опфаќа и печатење на единечни празнични честитки изработени исклучиво од еко хартија, кои ќе бидат со ретро дизајн, како и нивна продажба на шалтерите на „Пошта“ од 19 месецов. Цената за поштенско испраќање на една ваква честитка ќе изнесува девет денари. Дополнително, до крајот на оваа работна недела, јавно ќе биде објавена и продажната цена на честитките.

Инаку Пошта во првата половина од годината има загуба од над 850 илјади евра, а вкупните долгови се проценуваат на околу 10 милиони евра. Во македонски пошти работат околу 2000 луѓе, за чии плати Владата на една од последните седници одлучи да даде финансиска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања