Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Постигнат е концензус, дисперзијата останува - зависниците ќе земаат метадон пред лекарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
konf-filipce-1

Здравствените власти остануваат на одлуката проблемот со зависниците на метадонска терапија да го решат со дисперзија. Наместо сите 530 корисници да земаат метадон во Центарот во Кисела Вода, ке бидат префрлени во повеќе општини.

— реклама —
— реклама —

„Постигнат е концензус кој овозможува да продолжи процесот за дисперзија на програмата за третман и превенција од зависности од Дневниот центар во Кисела Вода, во поликлиниките во Аеродром и Ченто, како и во Психијатриската болница во Бардовци. Дел од зависниците од дрога ќе се лекуваат како и досега во Центарот за зависници во Кисела Вода и во Општата градска болница „8 Септември“, истакна министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите откако вчера имаше средба со градоначалниците на општините Гази Баба и на Кисела Вода, Борис Георгиевски и Филип Темелковски, со директорот на Психијатриската болница Скопје, Ќамил Ковачи, со претставници на општините Аеродром и Карпош и со здруженија на граѓани.

— реклама —
— реклама —

Министерот додаде дека пациентите, терапијата ќе ја земаат во присуство на доктор,а  со тоа ќе се отстрани можноста за препродавање надвор од болниците, што значи дека и сегашната слика на расфрлени шприцови и игли комплетно ќе се заборави, вели Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања