Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Постои директна поврзаност меѓу НВО и функционери-во која НАТО земја сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со работата на службите?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nato-mkd-3-1170x780

„Фактите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и основа за постапка за трговија на влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде жената на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите и безбедносен интерес односно се во директна поврзаност.

— реклама —

Нека каже Муслиу во која европска или НАТО земја владата склучува договор со конзорциум со невладини на сопруги на министер и директор на разузнавачка служба, после кој договор им се овозможува грант тежок 620 илјади евра?

— реклама —

Нека не се обидува Муслиу да се вади на неговата етничка припадност. Тоа не поминува во јавноста. Тоа се целосно потценување на интелигенцијата на граѓаните. Овде се работи за конкретен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание, многу карактеристично за функционерите на оваа власт на ДУИ и СДС.

— реклама —

И Муслиу и неговиот шеф Пендаровски, како и владата „дуваат во иста тиква“ и нека не се прават недоветни, бидејќи ова кое што го прават е спротивно на сите европски вредности и стандарди.

Се работи за грантови од над половина милион евра, кои токму со помошта на владата на СДС и ДУИ ги добиваат невладини организации на сопругите на Муслиу и Битиќи. Ако власта не склучела договор со нивниот конзорциум, немало да добијат ниту пари. Зарем во Македонија нема други организации, па токму невладините поврзани со овие функционери морале да бидат избрани?!

Функционерите на СДС и ДУИ Власта ја користат како алатка за богатење. Тоа е реалноста . Затоа во Македонија се живее полошо од било кога. Затоа мора да ги поразиме!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања