„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Постои ризик никој да не одговара за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nesreka-prvi-momenti

ФБ статус Павле Богоевски:

— реклама —

Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката на 13 февруари кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Таму обвинети се шест лица. Сопственикот и двајца вработени на Дурмо турс се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека други тројца вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело.

— реклама —

Според наводите на Обвинителството, поранешен вработен во Дурмо турс изјавил дека кога автобусите се носеле на сервис во Скопје, таму се инсталирал „уред за манипулација на тахографот, дека тој уред се активирал со копче и бележел помала брзина”, со чија помош возачите можеле слободно и незабележано да возат со брзина поголема од дозволената.

На денешното рочиште, сведокот се премисли и рече дека не изјавил такво нешто.

Дали повторно, правосудните институции не успеаа да спречат влијаење врз сведокот? Ако ова се случува во високопрофилните слуичаи, каква е вистинската состојба со огромното мнозинство предмети кои поминуваат незабележани во јавноста?

Овој проблем е еден од фаталните рани на нашето правосудство, заедно со честите разболувања и смртни случаи кај странките во постапките, неефикасната и бавна достава актите и сличните „виткања“ на законот на штета на самите постапки.

Малку е веројатно дека овие проблеми можат да се решат со нови закони или нови реформи, без разлика колку амбициозно би биле концепирани. Не можат ни да се решат со дополнителна политичка воља на извршната власт, без тоа да биде мешање во судството.

Треба сериозно преиспитување кој се работи во тие институции. И треба конечно да сфатиме дека овој проблем не може да се реши без длабок рез во трулиот дел на судството, бидејќи освен промени во неколку раководни позиции, таму се' уште се луѓето кои своите кариери ги изградија во времето кога се судеше по тефтер и по нарачка.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10219453700236234

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања