Промени тема
Контакт

Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина.

Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и пробал да избегал.

— реклама —

Следела потера со висока брзина и сериозни последици – возачот, 24-годишниот Г.Л., додека бегал, оштетил наплатни станици во Градско и Петровец, удрил во возило „Опел Инсигниа“ со странски ознаки, како и мотоцикл со македонски регистарски таблички.

Кога возилото конечно излетало од патот кај клучката Приштина на скопската обиколница, возачот физички нападнал полициски службеник во обид да избегне апсење, но бил совладан. Во акцијата полицијата испукала и предупредувачки куршуми – среќно, без повредени.

— реклама —

Во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Тие се сместени во транзитен центар, додека двајцата косовски криумчари – Г.Л. (24) и Б.Л. (18), се приведени.

— реклама —

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни кривични пријави од Одделението за прекуграничен криминал и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања