Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Потпишан договор за нова инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Белгиската компанија „ Avesta Battery and Energy Engineering (АBЕЕ)“ ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево.

Вкупната инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места.

Договорот за реализација на инвестицијата денеска во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор, АБЕЕ, Нешин Омар.

— реклама —

На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши му честиташе на менаџментот на ТИРЗ за успешно завршена работа во делот на привлекување на нови инвестиции.

„ Владата донесе нова легислатива за инвестиции во земјата која што е предвидлива за инвеститорите пред се во делот на воведување на нови технологии за електрични возила што е тренд во светот. Она што е важно да се каже за оваа инвестиција на компанијата АБЕЕ е што ќе се реализира во зоната во Кичево и во сите фази ќе бидат отворени 600 работни места. Тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворање на нови висококвалификувани и високоплатени работни места не само за локалното население туку и за целата земја", кажа министерот Бектеши.

— реклама —

Министерот потенцираше дека исто така од голема важност е тоа што кадарот кој што ќе биде вработен во фабриката во Кичево ќе помине на процес на обука за воведување на нови технологии и примена на високо технолошки работни процеси кои што ќе се имплементираат во фабриката на АБЕЕ во Кичево.

„ Не застануваме тука, во завршна фаза се преговори за нови инвестиции во земјата кои ќе значат ќе нови вработувања и развој на целокупната економија", кажа Бектеши.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски изрази задоволство за потпишувањето договор со компанија која е активна во индустријата на 21 век, на електрични возила.

„ Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе.

— реклама —

Со ова отвораме ново поглавје. Носиме инвестиции кои не само што носат повисока додадена вредност туку и се брзорастечки.

Со ова Македонија ја ставаме не само на мапата земји кои имаат капацитет за големи инвестиции туку и за инвестиции на 21 век", кажа Деспотовски.

Сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар кажа дека е воодушевен што влегува во ова партнерство со Северна Македонија.

— реклама —

„Овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ и е потврда на нашата заложба за изнаоѓање на технолошки иновации и решенија за енергетска одржливост. Убедени сме дека оваа фабрика ќе придонесе за економскиот раст на Северна Македонија и уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за батериски менаџмент системи", кажа Омар.

„Авеста Батери и Енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производството се планира да започне во 2024 година, а производниот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно. Дополнително оваа компанија планира да развие и нова палета на производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ.

„Авеста Батери и инжинеринг“ е инженерска компанија специјализирана за изнаоѓање напредни иновативни решенија за батерии и батериски системи за автомобилски и стационарни апликации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања