Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Потпишан меморандум за разбирање на инвестициска и трговска соработка со грчката агенција за инвестиции и трговија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG_3669

Со цел воспоставување практична рамка за соработка меѓу двете агенции за промовирање на инвестициите и трговските врски, денес во Атина се потпиша Меморандум за разбирање во полето на инвестиции и надворешна трговија меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и ENTERPRISE GREECE како официјална агенција за инвестиции и трговија на Република Грција. Заради запазување на КОВИД протоколите, меморандумот се потпиша на ниво на министри за надворешни работи на двете земји за време на официјалната посета на министерот Бујар Османи на Грција.

— реклама —

Двете страни ќе разменуваат информации за трговски политики, правила, прописи, процедури, субвенции и ажурирања на статистички и деловни податоци на редовна основа што ќе се остварува преку размената на публикации, магазини и директориуми, како и преку заеднички истражувачки активности со цел олеснување на меѓусебната трговија и заедничките проекти.

Соработката, како што се наведува во Меморандумот за разбирање на инвестициска и трговска соработка ќе се остварува преку одржување чести и редовни контакти меѓу двете држави за заедничка размена на економски и деловни информации што не се од доверлив карактер истовремено поддржувајќи ја техничката експертиза, знаење и можности за обуки. Истатата би се остварила преку истражување на деловните можности во двете земји, организирање на взаемни посети за деловна соработка, конференции, тркалезни маси, деловни патувања за промовирање на можности за инвестирање и трговија во секоја земја како и други активности.

— реклама —

Организирањето на активностите за трговска промоција би се обезбедила и преку размената на деловни делегаци или трговски мисии, семинари, саеми и посети на експерти за идентификување на деловен потенцијал и деловни можности.

Исто така, секоја страна ќе и помага на другата страна во организирањето на комбинирани настани поврзани со деловни активности, услуги за спојување и вмрежување во двете земји и во друга трета земја, за која заеднички ќе се договорат.

Меморандумот за разбирање стапува на сила од денот на неговото потпишување и ќе важи за период од три години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања