Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Потпишан меморандум за соработка меѓу ЈП Лајка и ФВМ: Резултатите од болеста лишманија во рок од 48 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
5

Градењето на успешна соработка помеѓу прифатилиштето за бездомни кучиња на JП ЛАЈКА – Скопје и Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје и понатаму продоложува.

Врз основа на досегашното искуство и успешна соработка, беше и официјално потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје и ЈП ЛАЈКА Скопје.

— реклама —

Меморандумот за соработка има за цел воспоставување на соработка на полето ветеринарна медицина односно здравствена заштита и благосостојба на кучињата помеѓу страните потписнички.

Соработката подразбира изведување на лабораториски тестирања, едукација и научна работа од полето на ветеринарната медицина однoосно здравствената заштита и благосостојба на кучињата во Лабораториите и Универзитетската ветеринарна болница на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје.

— реклама —

Прифатилиштето на ЈП Лајка со овој склучен меморандум добива и ексклузивен договор за изведување на тестови за болеста лишманија кои се прават според акредитирана метода признаена од Светската организација за заштита на животните (OIE), каде резултатите од болеста се добиваат за 48 часа од приемот на мострите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања