Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Охрид и Правниот факултет - Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Memorandum_Kicevo_14022023004

Општина Охрид претставувана од градоначалниот Кирил Пецаков и Правниот факултет – Кичево, единица на Универзитетот „Св.Климент Охридски” од Битола претставувана од деканот проф. д-р Светлана Вељаноска, денеска потпишаа меморандум за соработка.

— реклама —

Целта на меморандумот е воспоставување на долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции.

— реклама —

Меморандум предвидува соработка во едукативни процеси преку ангажирање на експерти од практиката за реализација на практична настава за студентите и учениците во зависност од расположливите можности.

— реклама —

Меморандумот опфаќа реализација консултации, вклучување на експерти во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми, воспоставување на контакти и заедничка презентација пред домашни и странски субјекти како и организирање на тркалезни маси и размена на искуства на разни панели, трибини и дискусии.

Градоначалникот Пецаков и проф. д-р Вељаноска разговараа за актуелните аспекти на високото образование и можностите за осовременување на условите за настава. Соговорниците заеднички изразија надеж дека воспоставената соработка помеѓу двете институции ќе вроди конкретни и квалитетни проекти, кои ќе дадат придонес во современиот развој на Охрид и останатите населени места од Југозападниот регион на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања