Промени тема
Контакт

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Memoransum_kineski_jazik_01062023005

Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Потписниците на договрот, градоначалникот Кирил Пецаков, и двата директори на Институтот македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразија подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.

— реклама —

Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува преку едукативни активности кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Понатака, организирање на културни настани, семинари и работилници.

— реклама —
— реклама —

Исто така опфатено е вршење размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.

— реклама —

Потписниците взаемно се согласија дека потпишувањето на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање на настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања