Утрово во Софија, со бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев потпишавме План за соработка за периодот од 2019 - 2021 година, договор со кој ќе ја поттикнуваме соработката помеѓу македонските и бугарските научни институции, универзитети и здравствени установи со цел размена на искуства во областа на медицинската наука и информации за медицински производи, развивање на нови технологии и нова медицинска опрема, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него:
Со овој плоден договор овозможуваме делување во повеќе области, како:
• Размена на информации во областа на здравството;
• Размена на специјалисти со цел да се обучат и консултираат во области, определени како приоритетни;
• Размена на искуства и резултати за проблеми, определени како приоритетни за двете земји;
• Учество на здравствени работници на различни научни медицински настани;
• Заеднички научни и практични проекти;
• Соработка при одржување курсеви и семинари по заемна согласност од двете страни.
Ја унапредуваме соработката помеѓу Македонија и Бугарија, и токму овој договор претставува можност за напредок на Македонија кон евроинтегративните процеси.

Соработката со пријателска и европска Бугарија продолжува и во следниот период, вели министерот Филипче.