Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Потпишан протокол за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун за академската 2019/2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-1-4

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, Арбер Адеми и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, Јанис Верверидис, денеска го потпишаа протоколот за соработка за доделување на стипендии „Борис Трајковски" за академската 2019/2020 година.

Потпишаниот протокол предвидува нивна заедничка соработка за академската 2019/2020 година со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Извршната програма на Универзитетот Шефилд за бизнис администрација која се реализира во Солун, Грција, а во рамките на стипендиите „Борис Трајковски“.

— реклама —

— реклама —

Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Северна Македонија, а другите педесет проценти ги обезбедува Универзитетот „Шефилд".

— реклама —

Студентите по завршувањето на оваа програма ќе се стекнат со дипломи од Универзитетот Шефилд, Велика Британија, за мастер студии по деловна администрација.

Изборот на кандидати за доделување на овие стипендии ќе биде спроведен заеднички од страна на Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџот“, преку заедничка комисија составена од по еден нивни претставник, во согласност со условите за прием на Универзитетот Шефилд и законските прописи на Република Северна Македонија.

Преку оваа програма досега дипломирале околу 1000 студенти. Мнозинството од нив својата кариера ја градат во Република Северна Македонија, а приближно 250 се наоѓаат на раководни позиции во нашата држава.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања