Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Потпишана спогодбата за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока со Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-26d30f9b870539557215b1043b592a02-V

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина.

Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока.

— реклама —

Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓународниот патен превоз на стоки, односно истиот да се одвива без дозволи.

— реклама —
Дополнително, превозниците од двете земји да можат да вршат превоз за/од трети земји врз основа на дозволите што ги разменуваат Македонија и Украина во реципроцитет на годишна основа.

Во однос на билатералниот и транзитен превоз со евро стандард 2, останува да се врши согласно разменетите дозволи исто така на годишна основа.

— реклама —
Двете страни ја изразија подготвеноста за унапредување и развој и на превозот на патници.

Вицепремиерот Николоски истакна дека овие измени се во духот на одличните пријателски односи меѓу Македонија и Укрaина, пред се за зголемување на економската соработка, како и намалување на административните бариери во превозот на добра и патници.

— реклама —

Исто така, вицепрeмиерот Николоски ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош.

Во својот меѓусебен разговор двајцата потпретседатели ги потврдија одличните односи меѓу двете земји, со заложба истите да се продлабочат во време кога за Укрaина следи период на опоравување од воениот конфликт.

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање заклучи дека Македонија како земја членка на НАТО е рамноправен партнер во евроатланските процеси со што даваме силен придонес кон обезбедување на светскиот мир и безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања