Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Потпишете се на петицијата за поддршка на инспекторот Илиевски, кој го казнуваат оти обзнани дека функционери од ДУИ незаконски работеле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ilievski-1

Околу 1300 потписи за два дена собра онлајн петицијата за поддршка за просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, која јавно обзнани дека јавни функционери незаконски стекнувале факултетски звања на Државниот универзитет во Тетово, меѓу кои и актуелниот министер за образование Арбер Адеми.

„Кажете еднаш засекогаш НЕ! за криминалот во Македонија“, стои во отворената петиција.

— реклама —

Потписниците на петицијата отворено даваат поддршка за инспекторот.

— реклама —

„Затоа што тој е единствениот храбар човек кој се одважи да ги почитува законите, да ги спречи криминалот во оваа држава. Мора веќе СТОП за криминалот да се каже!“, пишува еден потписник.

— реклама —

Друг додава „За жал , се казнуваат луѓе кои работат според закон … тоа мора да престане !!!“ или „Доста е од криминални политичари!“.

Дисциплинската комисија при Државниот просветен инспекторат во петокот утврди дека има основи дисциплински да се казни инспекторот Илиевски и кратко соопшти дека утврдиле прекршок, но не сакаа да откријат повеќе детали за причините зад оваа одлука одлука, додавајќи дека постапувале според Законот за административни службеници.

Инспекторот Илиевски изјави дека очекува директорот да му даде отказ на шест месеци пред пензија, најавувајќи дека целиот случај ќе продолжи да го води низ судска постапка.Тој се сомнева дека целиот процес против него се води поради тоа што зборувал за медиумите, имал средби со амбасадори и се обратил до другите институции да ги истражуваат незаконитостите за кои алармирал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања