„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Потрагата по возачка и пасош, како потрага по злато: нови искуства од пунктовите на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
IMG_0969

Покрај проблемите со пасошите, граѓаните на мака и со возачките дозволи. Од шалтерите на МВР, стигнуваат и нови негативни искуства. За тоа време, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски посочува дека освен што ги намалуваат гужвите, работат и на подобрување на системот. Истовремено, дополнителникот заменик министер Митко Бојмацалив вели дека во МВР нема хаос и дека се си тече нормално.

Непозната е бројката на достапни обрасци за возачки дозволи, бидејќи во фокус беа пасошите. Но граѓаните се жалат дека и по две недели од подавањето документи, не можат да ги подигнат.

— реклама —

„Денес ми кажаа оти возачката не е готова. Готови се на тие што поднеле барање до 11.01. Немало обрасци. Да проверам пак после 2 недели, ама не се знае дали и тогаш ќе биде готова. За пасош пак, ич не се знае кога би бил готов “, вели граѓанин за „Скопје1“ кој го затекнавме во пунктот во МРТВ.

— реклама —

На социјалните мрежи нова рунда поплаки, но овојпат, поради изгубен пасош. Процедурата налага, стариот пасош да се предаде кај службениците при подавање на документи за нов пасош - а потоа, двата пасоши граѓанинот да си ги добие назад. На мрежата „Х“ се сведочи дека две лица не можеле да ги добијат старите пасоши во кои имале визи за патување.

— реклама —

„МВР со нова глупост. На моите им ги земале старите пасоши кога се сликале, имаат во нив 10 год амерички визи. Им јавуваат дека пасошот им е готов, старите не можат да им ги најдат. Инаку треба да патуваат за Америка наскоро“, пишува „Рамона“ на „Х“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања