Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Потреси создадоа хаос во Њујорк: Се тресеа згради, граѓаните пријавија експлозии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
limuzina
Илустрација

Службите за итни случаи во Њујорк денеска одговориле на повикот на жителите на островот Рузвелт, кои пријавиле земјотрес и „мали експлозии“, за кој постои сомневање дека бил земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, јавуваат американските медиуми.

— реклама —

Официјалните лица, кои излегоа на терен и ја пребараа областа, вклучително и неколку згради, не ја нашле причината за овие пријави, испратени непосредно пред 6 часот по локално време, пренесува NBC.

Тамошната полиција соопшти дека „се сомнева дека енергетски трансформатор можеби го предизвикал инцидентот“.

— реклама —

„Потенцијални експлозии предизвикаа прекин на електричната енергија на островот Рузвелт“, објави ABC.

— реклама —

Американските власти објавија дека постои сомневање дека земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала ги вознемирил жителите на островот Рузвелт и предизвикал утринава прекин на електричната енергија.

Американскиот геолошки институт извести за земјотрес во близина на Асторија, Квинс, а засега нема извештаи за штети или повредени.

Земјотресот бил пријавен во 5 часот и 45 минути по локално време, во исто време кога биле примени повици од островот Рузвелт и околните места, а жителите на овие делови на Њујорк за американските медиуми изјавиле дека ги разбудил силен звук и дека почувствувале дека се „тресат“ зградите во кои живеат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања