Потресна објава на мајката на загинатата Ивона во „Пулс“: „Имам само солзи и молитви – чувај ми ја Ивона, мамо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ivona

Стојка Иванова Антова, мајка на младата Ивона која го загуби животот во страотниот пожар во кочанскиот клуб „Пулс“ каде загинаа 62 лица, со емотивен статус го одбележа роденденот на својата мајка. Во објавата таа ја спои својата двојна болка – за мајката и за ќерката, кои, како што напиша, денес ги замислува заедно на „небото“.

— реклама —

„Денеска е твојот роденден, мајко моја, а јас немам свеќи да запалам, ни торта да ти подарам. Имам само солзи и молитви – да стигнат до небото каде што си ти,“ напиша Антова.

Таа со длабока тага потсети дека сега нејзината мајка е заедно со Ивона – „двете најголеми љубови“ што ѝ ги одзел животот. „Ве замислувам заедно – ти ја прегрнуваш мојата Ивона, ја милуваш по косата и ѝ велиш: ‘Не грижи се, мама ќе стигне еден ден…’“

— реклама —

Антова додаде дека болката и празнината никогаш нема да исчезнат, но љубовта останува како мост меѓу нив. „Еден ден пак ќе бидеме заедно – и тогаш ќе ги прославиме сите родендени што ги пропуштивме. Ни на небото, ни на земјата нема сила што ќе ја скрши мојата љубов кон вас,“ напиша таа.

Објавата ја пренесе дел од тагата и болката што сѐ уште ја носат семејствата на жртвите од трагедијата во „Пулс“, која остави неизбришлив белег врз целата јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања