„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Потресни сведоштва на патници и жители на Ласкарци за автобуската несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоците и оштетените за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, продолжи судскиот процес за обвинетите во случајот.

— реклама —

Вјолца Ибраими е девојката која зборуваше за кобниот ден иако постојано посочуваше дека има трауми и не се сеќава многу на тоа што се случило.,раскажа дека непосредно пред несреќата, таа зборувала на телефон и, како што кажа, забелажела дека нешто се случува кога автобусот удрил во првата банкина и почнале извици од патниците.  Следното на што се сеќава оваа девојка е на моментот кога била превезувана во болница со возило од страна на локалните жители. Во истиот автомобил со неа бил и возачот на автобусот, но девојката рече дека не се сеќава дали и што зборува, туку само дека бил свесен. Човекот кој го носел во болница, рече Вјолца, постојано им зборувал на сите за да останат свесни.

Следен исказ даде и Музафер Зибери, првиот кој ноќта дошол на местото на несреќата.

— реклама —

Зибери кој живеел покрај автопатот на стотина метри од местото каде што се преврте автобусот, рече дека го слушнал звукот во оградата на автобусот и видел како се превртел автобусот. „Бев во дворот на куќата каде што падна автобусот. Го видов како се преврте и се стрчав одма со детето на брат ми. Одма го зедов возилото за 1 минута бевме таму. Кога пристигнав автобусот беше во нива превртен со тркалата нагоре“, рече Зибери.

– Кога стигнав автобусот беше превртен на нива, видов како луѓето бараат помош. Надвор од автобусот имаше 10-15 луѓе и под автобусот имаше многу кои бараа помош. Јас го извадив апаратот за прва помош и го ставив на патот да биде при рака. Беше многу лоша слика, никогаш не сум го доживеал тоа, имаше млади деца кои бараат помош, едно на телефон го бараше татко му да дојде да му погоне а нозете му беа заробени – раскажа  Музафер.

„Под автобусот имаше дете со нозете под автобусот и викаше за помош. Говореше на телефон со татко му од Гостивар. Тато дојди да ми помогнеш“, се присети сведокот. Зибери рече дека прв го качил шоферот на автобусот заедно со уште двајца патници и ги однел во болница. Првин не знаел дека станува збор за шоферот, но потоа дознал. Сведокот кажа дека додека ги возел кон болницата, шоферот го удирал по ногата и му велел да вози побавно.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. За несреќата обвинети се шест лица, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања