Потресно сведоштво на братот на 22-годишниот битолчанец кој почина од Ковид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
bitola-kovid

Отворено писмо до јавноста и министерото Венко Филипче упатува семејството на младиот битолчанец кој на 22 години пред десетина дена почина на Инфективното оддделение во битолската болница од последици од КОВИД-19. Тој не бил вакциниран, но немал ниту хронични заболувања.

— реклама —

Неговиот брат пишува за голготата низ која мина младиот човек, а писмото содржи и низа обвинувања за начинот на кој е лекуван. 22 годишниот Дарко Мицкоски, три дена со дијагностициран КОВИД и со висока температура одел на болница, добивал терапија, но не бил хоспитализиран. Задржан бил третиот ден, кога му била дадена и крвна плазма

— реклама —

„Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се броеви од медицинските сестри кои трите вечери не функционираа, а на бројот од дежурниот лекар е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот пациент.

— реклама —

Веќе следнито ден по хосптализацијата состојбата на Мицкоски се влошува и тој станува неконтактибилен, тврди семејството.

„Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Навистина имаше 125кг, 180 цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За време на хоспитализацијата со мојот брат контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот“ , пишува во отвореното писмо на братот Дејан Мицкоски.

Исто така преку писмо се обрати и раководителот на КОВИД центарот во битолската болница, Ели Димитровска. Таа вели дека сите пацинети се по 24 часовен мониторинг од медицинскиот пероснал на Инфективното оддление, а младиот пацинет бил лекуван согласно протоколите.

„Дарко беше хоспитализиран, лекуван и перманентно следен од сите во ковид центарот и целокупниот медицински персонал, со терапија којашто се спроведува по сите медицински протоколи. Но, со оглед на неговата голема телесна тежина, и со самиот факт што Дарко не беше вакциниран, припаѓаше на групата високоризични пациенти иако досега беше без придружни здравствени проблеми. За нас најголем пораз е губиток на млад човечки живот“, наведува д-р Ели Димитровска, раководител на Инфективно одделние во Клиничка билница Битола.

22 годишниот Дарко Мицкоски од Битола, почина на 15 октомври, само 6 дена откако кај него беше дијагностициран коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања