Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Владата на антимакедонската СДС го осиромаши народот, потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50%, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Потрошувачката кошничка е 47 илјади денари. Минималмата плата е 18 илјади денари, две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот.

Имено цената на маслото е зголемена за 46.7%, на лебот за 44.1%, на млекото за 26.9%, на јајцата за 26.9%, на сирењето и месото по 26.9% и 22.3%.

— реклама —

Потрошувачката кошница неможе да ја покрие ниту една просечна и една минимална плата. Сето тоа е заради инфлацијата, која владата не ја превенира со ништо.

— реклама —

Заради криминалот на владата, која не работи за народот туку за себе и 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден. Сите тие се на раб на сиромаштија.

Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и скапите сметки за струја и парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја и плаќа скап увоз, и затоа што не набави на време гас.

— реклама —

Народот пати затоа што владата на антимакедонската СДС не работи, туку прави криминал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања