Промени тема
Контакт

Потврдена криминална партија како ВМРО-ДПМНЕ освен криминал не може да понуди ништо, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ е докажан симбол на криминал и корупција, партија заглавена во режимската матрица од која нема намера да излезе, вели СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа, која од скромна жолта куќа стана бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра.

Половина од поранешното и дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно е по судовите, под обвиненија и пресуди за сторени тешки кривични дела.

— реклама —

Блиски соработници на Христијан Мицкоски и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени во криминална афера за препродажба на земјиште вредна 1,6 милиони евра.

— реклама —

Бројни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреба со уличното осветлување на штета на граѓаните и општините.

„Титаник“ „Тенк“ „Таргет – Тврдина“ но и последниот случај „Талир 2“ во кој се бара заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се наследството од 11 годишниот криминален режим на партијата предводена од Христијан Мицкоски.

— реклама —

Одамна на граѓаните им е јасно дека оваа партија не може да понуди ништо освен криминал и расипништво“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања