„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Потврдени 19 нови случаи на ковид 19, оздравени се 16 пациенти – починаа 4 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-3

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.

— реклама —

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 647, активни 145

•       Куманово – 418, активни 22

•       Дебар – 51, активни 0

•       Штип-38, активни 4

•       Прилеп –203, активни 59

•       Тетово – 151, активни 63

•       Струга – 71, активни 5

•       Велес – 126, активни 53

•       Битола –27, активни 8

•       Охрид –21, активни 6

•       Кавадарци – 5, активни 0

•       Гостивар –21, активни 4

•       Гевгелија – 4, активни 0

•       Струмица – 3, активни 1

•       Крива Паланка- 6, активни 1

•       Радовиш – 4, активни 0

•       Крушево – 3, активни 0

•       Кочани – 31, активни 3

•       Пробиштип – 2, активни 0

•       Кичево – 2, активни 0

•       Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

•       Демир Хисар – 1, активни 0

•       Македонски Брод - 2, активни 0

•       Пехчево- 3, активни 1

•       Делчево-1, активни 0

•       Валандово -1, активни 0

•       Виница – 3, активни 1

•       Кратово-2, активни 1

•       Берово-1, активни 1

•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода  -31 и МАНУ -115.  Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни.  Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања