„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Потврдени 53 нови случаи на Ковид 19 – вкупно во земјата 1170 дијагностицирани пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-1

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

— реклама —

Во изминатите 24 часа потврдени се 53  нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово - 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

— реклама —

       Скопје – 401

       Куманово - 320

       Дебар – 51

       Штип-32

       Прилеп –112

       Тетово – 52

       Струга – 55

       Велес – 55

       Битола –17

       Охрид –7

       Кавадарци - 4

       Гостивар –12

       Гевгелија – 4

       Струмица – 2

       Крива Паланка-4

       Радовиш - 4

       Крушево – 3

       Кочани – 26

       Пробиштип – 2

       Кичево – 2

       Неготино -2

       Демир Хисар – 1

       Македонски Брод -2

Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  - 61 . Досега во земјата се направени вкупно  11556 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања