Поведена постапка за две лица кои пренесувале дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
marihuana

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените на 8 декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 26.980,00 грама, спакувана во 27 најлонски пакувања ставени во две патнички торби. Тие дрогата ја презеле во Република Албанија од засега непознати лица и тргнале во правец од Корча кон Гевгелија за да ја предадат дрогата на засега непознати лица во Република Грција, а за превозот на дрогата договориле надомест во висина од  2500 евра. Осомничените биле забележани од полициски службеници, кои поради сомнение започнале да го следат возилото. Осомничените откако ги забележале полицајците, започнале да бегаат со возилото, но биле сопрени од овластените службени лица при обид да се  исклучат од магистралниот пат Ресен – Битола кај с. Кажани.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања