Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поведена постапка за лице во чиј дом беше пронајдено оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oruzje-i-heroin

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

При извршен претрес на 17-ти октомври во домот на осомничениот, 32-годишен жител на село Копнаце, пронајдени се оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети и тоа една автоматска пушка. една рамка со 19 куршуми калибар 7,62 мм, 162  куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден куршум калибар 7,65 мм и еден пиштол марка Барета.  Пронајденото оружје и муниција се одземени.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи,  до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања