Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lovecka-puska

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години, на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово, застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп.

— реклама —

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

— реклама —

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања