Поведена постапка за разбојништвото во казино во Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Grabez-pistol

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 24 години, жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судијата на претходна потсапка при Основниот суд Велес  го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања