Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поведена постапка заради пронајдено оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zatvor

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм.

Во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања