„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Поведена постапка заради разбојништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
noz-ubistvo-napad

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 21 – годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“ наспроти Клиничката болница во Битола со намера противправно да присвои туѓ имот. Тој маскиран со црна безбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил опасно орудие – нож, започнал да замавнува со него и се заканил дека ќе нападне врз животот на вработената, по што ја отворил касата и одзел од оштетеното правно лице парични средства во износ од 79.200,00 денари.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања