Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Повеќе нема да има македонски амбасадори со двојно државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
osmani

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ја запозна пошироката јавност со новиот Нацрт текст на Законот за надворешни работи, кој е конципиран на начин да одговори на сите предизвици на надворешно - политичките приоритети на земјата, имајќи ја предвид новата позиција и реалност што Северна Македонија ја има во меѓународните односи како членка на НАТО и земја со одлука за почеток на преговори со Европската унија.

— реклама —

„Потребата од професионализација, односно департизација на дипломатската служба е висок приоритет на нашето општество, но и на моите лични заложби. Интенцијата која сакам да ја постигнам е деполитизација на службата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности, соодветна и правична застапеност како и професионализација на високите раководни позиции во министерството”, истакна Османи.

— реклама —

Министерот Османи нагласи дека најмалку 75 отсто од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера што претставува драстична промена од постојното законско решение и обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.

— реклама —

Шефот на дипломатијата посочи дека една од новините на овој закон е воведувањето на нова категорија на економски советници, воведувањето на механизам на внатрешна контрола во Министерството и ефикасен систем за оценување на работата на дипломатите.

„Ова е фазата кога Нацрт текстот излегува од просториите на министерството и првично го споделувам со пошироката јавност. Посакувам што побргу да завршат интерните процедури на усогласување на одредбите во Предлог законот, да ја помине владината процедура, а потоа и собраниската процедура, за да законот заживее и почне да ја остварува својата функција заради кој што е конципиран. Транспарентноста ќе го следи низ целиот процес на донесување,  а јавните расправи и консултацијата со сите интересни и засегнати групи, тука пред се мислам на дипломатските синдикати и пошироката фела, ќе бидат повеќе од добредојдени“, нагласи Османи.

„Новата законска рамка ќе биде темелот што ќе треба да даде една поинаква динамика на оваа професија, но и на угледот на државата“, дополни Османи.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања