Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 100 приведени на протест против НАТО во Анкара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
policija-turcija

Повеќе од 100 лица се приведени во Анкара за време на протест против НАТО, организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во пресрет на претстојниот самит на Алијансата.

— реклама —

Според турските медиуми, стотици демонстранти се обиделе да маршираат кон плоштадот Кизилај, иако во главниот град биле воведени забрани за јавни собири и засилени безбедносни мерки.

— реклама —

Од ТКП соопштија дека меѓу приведените има повеќе од 100 нивни членови. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите извикуваат антинатовски слогани, по што полицијата интервенира со солзавец за да ја растера толпата.

Паралелно со настаните во Анкара, во Истанбул се одржал уште еден протест во организација на истата партија. Демонстрантите марширале од плоштадот Таксим кон Долмабахче, а и покрај големото полициско присуство, таму не биле регистрирани посериозни инциденти.

— реклама —

Турските власти воведоа засилени безбедносни мерки пред самитот на НАТО, на кој се очекува учество на лидерите на 32 земји членки на Алијансата. Во рамки на мерките, во делови од Анкара се забранети јавни собири, затворени се улици и поставени се безбедносни кордони.

— реклама —

Според медиумските извештаи, паралелно со протестите, во одделни антитерористички операции низ Турција биле приведени уште 39 лица, меѓу кои новинари, активисти и универзитетски професори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 2 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 6 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања