Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 30 активни пожари во Македонија: Огнот се приближува до куќите во Богомила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library385mvb3fgt0dakb6wxr
Илустрација

Повеќе од 30 активни пожари се регистрирани низ Македонија, при што особено тешка е состојбата во централниот дел од земјата. Едно од најпогодените подрачја е Општина Чашка, каде што голем пожар избувна во атарот на селото Богомила.

— реклама —

Огнот зафатил големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен, а на места пламените јазици се приближиле и до куќите. На терен се ангажирани локалните противпожарни екипи, вработени во јавните претпријатија и жители од околните места, кои се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија.

— реклама —
— реклама —

Поради сериозноста на ситуацијата и непристапниот терен, побарано е вклучување и на воздухопловни сили со специјализирани летала за гаснење на пожарот од воздух.

— реклама —

Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување апелираат до граѓаните на максимална внимателност. Високите температури, сувото време и ветерот создаваат услови за брзо ширење на пожарите и појава на нови жаришта низ земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања