Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пишува Фактор.
Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
- Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми, а на АДСДП, изјави Трајче Ангеловски, директорот на „Аеродроми на РСМ“.
Целиот текст можете да го прочитате тука