Заклучно со утрово, 10 јули 2025 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 63 пожари на отворен простор. Од нив, девет се сè уште активни, четири се ставени под контрола, еден е локализиран, а дури 49 се изгаснати.
Најкритична е состојбата во општина Македонски Брод, каде се води борба со четири активни пожари. Пожарот кај селото Рамне се проширил од фабриката „Самоков“, а се гори и дабова и мешана шума во околината на селата Црешнево, Локвица, Слатина и Ковче. Активни пожари се бележат и во Чучер Сандево кај Блаце, каде гори ниска вегетација, како и во Шуто Оризари, каде што е опожарена депонијата во близина на селото Визбегово.
Во Прилеп сè уште е активен пожарот во атарот на селото Бешиште, на потегот Бешишки Рид, каде гори мешана шума. Пожар е пријавен и на планинскиот масив под Солунска Глава во општина Чашка, како и кај селото Николич во Дојран, каде гори нискостеблеста шума.
Локализиран е пожарот кај Кочани, на подрачјето меѓу селата Јастребник и Полаки, а под контрола се пожарите во Делчево, Виница, Крива Паланка и Желино.
Во текот на изминатите 24 часа изгаснати се вкупно 49 пожари на различни локации ширум државата. Најголем дел од нив се во Куманово, Прилеп, Велес, Пробиштип, Виница и други општини во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот, Источниот и други региони.
Пресекот е изготвен врз основа на податоци добиени од регионалните центри за управување со кризи. Од скопскиот регионален центар пристигнати се информации само за ноќниот период од 20:00 до 07:00 часот. Надлежните институции продолжуваат со интензивно след