Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Повеќе патници се превезуваат со авиони, помалку со автобуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
aerodrom-skopje-1

Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал  во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани,  а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

За 11,7 проценти е зголемен бројот на патници на домашните и меѓународните автобуски линии во вториот квартал споредено со првиот квартал годинава, но во однос на вториот квартал од минатата година  има намалување за 20,3 проценти. Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава во градско – приградскиот превоз имало за 1,3 проценти повеќе патници,  а за 1,8 проценти помалку споредено со вториот квартал лани. Раст од 13,1 процент бележи железничкиот превоз во вториот квартал во однос на првите три месеци од годинава, а во воздухопловниот за 41,5 проценти, а споредебно со вториот квартал лани има намалување од 0,7, односно зголемување за 15,1 процент.

— реклама —

Во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје лани, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 20,3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 1,8 %, во железничкиот превоз е намален за 0,7 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 15,1 %, објави Државниот завод за статистика.

— реклама —

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11,7 %, во градско-приградскиот превоз за 1,3 %, во железничкиот превоз за 13,1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 41,5 %.

— реклама —

Во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 %, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 %, а во воздухопловниот превоз за 62,4 %.

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 4,4 %, во железничкиот превоз е зголемено за 13,5 %, а во воздухопловниот превоз за 72,8 %.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања