Повеќе помали пожари на отворено и покрај дождот; „Вриел“ телефонот на ЦУК, примиле над 1600 повици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stojance-cuk

Имало вкупно 1 620 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 56%, а 44% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

— реклама —

Кон Полиција биле упатени 64%, кон Итната медицинска помош 27%, a кон пожарникарите 6%, а кон АМСМ 0,42% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 711 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие повече помали пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места, на територијата на државата.

— реклама —

Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје во текот на изминатото деноноќие ги имала следните интервенции: од 06:05 до 17:30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена мешана шума во атарот на с.Танушевци (Општина Чучер Сандево); Во период од 14.10 до 15.50 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од околу 1 000 m2 во атарот на с.Долно Коњари (Општина Петровец); од 16.55 до 17.35 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија покрај ул.Црногорска бр.1 (Опш.Ѓорче Петров) и имала уште една помала интервенција.

РЦУК Струмица, известува од ТППЕ Струмица дека во период од 11.00 до 12.50 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и лозје насади на површина од 17 хектари во с.Пирава (Општина Валандово); Во период од 12.05 до 14.15 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена просторија на сточен пазар кај с.Ново Село (Општина Ново Село).

РЦУК Куманово, известува од ТППЕ Куманово од 14.55 до 15.20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на автопатот Скопје – Куманово; од 16.35 до 17.35 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ѓубре и дрва во ЈП „Чистота и Зеленило“ – Куманово; Во период од 20.20 до 21.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Пчиња; Во период од 18.50 до 21.55 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во м.в. „Никулски Пат“.

ТППЕ Старо Нагоричане, известува дека во период од 15.52 до 16.20 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено стрниште во с.Младо Нагоричане (месност Трендаловце).

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања