Промени тема
Контакт

Повеќе скопски општини денес без струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без струја денес ќе бидат делови од општините Сопиште, Чаир, Студеничани, Бутел, Ѓорче Петров и Карпош.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Соње во општина Сопиште, во периодот од 08:45 до 14:00 часот корисниците од булевар „II Македонска Бригада“, ул. „Никола Малешевски“, булевар „Македонско Косовска Бригада“, улиците „Роналд Реган“, „Ѓорѓи Поп Христов, „Методија Митевски“ и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.

— реклама —

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците на дел од село Морани, општина Студеничани, од 09:00 до 11:10 часот корисниците од ул „8“ во Радишани и населба Буринарец, како и населба Хот Хот, дел од Љуботенски Пат во општина Бутел.

— реклама —

Без струја од 08:40 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Софре Марковски“, ОУ „Климент Охридски“, улица „Коста Ристовски“, улица „Петар Чангов“, улица „Марко Крале“, улица „Натанаил Кучевишки“, улицата „Андре Мазон“, Црква Бутел и околината, улицата „Зафер Мудиќ“, улицата „Призренска“, улицата „1099“ и улицата „Благоја Вујов“ во општина Ѓорче Бутел.

— реклама —

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Горни Жданец во општина Карпош, а во периодот од 08:35 до 14:00 часот корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Петар Ичко“, „Методија Митевски“, „Аугуст Цезарес“, „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања