„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Повеќе скопски општини денеска ќе останат без струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Дел од општините Кисела Вода, Сопиште, Чучер Сандево и Аеродром денес во одреден период од денот ќе немаат струја.

— реклама —

Како што соопшти РЦУК, од осум до 10 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „29“ во Сопиште, од 8:30 до 11:00 дел од корисниците од улиците „Виктор Ивановиќ – Григоровиќ“, „Кочанска“ и „Полог“ во општина Кисела Вода, од 8:30 до 11:30 корисниците од улиците „Драга Стојанова“ и „Дренак“ во Кисела Вода, од 9:00 до 15:00 дел од корисниците од улицата „Призренска 2“ во местото викано Куќине, Горни и Долни Ливади, Чешма и Џајкова Рупа во Чучер Сандево, додека од 10:00 до 15:00 корисниците од улиците „Михаил Глинка“ од бр.1 до бр.9 во Аеродром.

Потсетуваме дека 600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

— реклама —

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.

Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

„Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

„Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.“ – изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.

Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања