Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повеќето компании во Европа користат вештачка интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5
unsplash

Околу 70 проценти од компаниите во еврозоната веќе користат вештачка интелигенција, но само седум проценти сметаат дека таа има значајна улога во нивното секојдневно работење, покажува најновото истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

— реклама —

Анкетата, спроведена меѓу компании во еврозоната во текот на 2025 година, покажува дека примената на вештачката интелигенција значително се разликува меѓу земјите. Највисока стапка на користење е регистрирана во Холандија, Финска и Австрија, каде што повеќе од 80 проценти од компаниите користат AI, додека во Италија и Ирска тој удел е под 65 проценти.

Најголема примена на технологијата има во секторите за информатичка технологија, истражување и развој, додека градежниот сектор значително заостанува.

— реклама —

Компаниите најчесто ја воведуваат вештачката интелигенција за подобрување на деловните процеси, намалување на трошоците за работна сила, поттикнување на иновациите и развој на нови производи и услуги.

— реклама —

Како најголем предизвик за поширока примена се наведува недостигот од стручен кадар со знаење за вештачката интелигенција. Меѓу останатите пречки се заштитата на податоците, етичките дилеми и тешкотиите при интеграцијата на новите AI-системи со постојната технологија. Помалите компании, пак, често сметаат дека немаат доволно информации или не гледаат јасна корист од воведувањето на оваа технологија.

Од Европската централна банка наведуваат дека засега нема цврсти докази дека користењето на вештачката интелигенција автоматски ја зголемува продуктивноста кај сите компании. Сепак, во секторите за информатичка технологија и истражување и развој, дури и умерената употреба на AI е поврзана со поголема продуктивност.

— реклама —

Истражувањето не ги потврдува стравувањата дека вештачката интелигенција ќе доведе до намалување на бројот на вработени. Напротив, компаниите што ја применуваат оваа технологија почесто очекуваат раст на вработеноста, приходите и инвестициите. Според ЕЦБ, за поширока примена на AI ќе бидат неопходни поголеми вложувања во образование, дигитална инфраструктура, подобар пристап до финансирање и појасно информирање на компаниите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Anthropic го претстави Fable 5.2 – поевтин од GPT-6 Astra, а веќе решил два проблеми во теоретската физика

Технологија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 3 дена

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 2 седмици

media-libraryhl66ngeadnq45r6roXP

Вештачката интелигенција навлегува на Балканот: Кои работни места се најзагрозени?

Технологија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања