Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
Startup_F

Универзумот продолжува да се шири! Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мај  на следниот линк.

Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.

— реклама —

Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.

Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.

— реклама —

Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:

— реклама —

  • Специјализирани и прилагодени едукации
  • Работа со посветени ментори
  • Бесплатно користење на coworking простор
  • Разни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.

Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.

Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.

Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.

(ПР)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn03amcr94u720os5c3G

Полна сала и овации за „Избраниот“: Компанијата Mozzart продолжува да ја поддржува културата

Магазин | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryteokqeilafgn9MRUdgL

„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytb285no993a18JoJoJy

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

Магазин | пред 4 седмици

media-library3m27ul9o9rfv9qp6HfT

Mozzart го отвора петтиот мини пич терен – Кочани добива ново светилиште на спортот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања