Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Повлечени „Нутела“ мафини во Германија: Можно присуство на метални фрагменти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library8m9tncmvnbe10pzKkie
фото: unsplash / илустрација

Компанијата „Фереро“ повлече од продажба ограничена серија „Нутела“ мафини во Германија, откако било утврдено дека одредени производи можат да содржат ситни метални фрагменти, соопшти Германската канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната (BVL).

Според соопштението, повлекувањето се однесува само на ограничена серија на производот, додека останатите производи на „Фереро“ не се опфатени со оваа мерка.

Надлежните предупредуваат дека металните фрагменти во храната можат да предизвикаат повреди на устата и грлото, а во потешки случаи и задушување.

— реклама —

„Во случај на повреда или отежнато дишење, веднаш треба да се побара медицинска помош“, се наведува во предупредувањето.

На потрошувачите им се препорачува под никакви околности да не го консумираат производот.

— реклама —

Од „Фереро“ информираат дека спорната серија била во продажба во пекарници, супермаркети и хипермаркети низ Германија во периодот од 16 до 25 јуни.

— реклама —

Засега не е познато како металните фрагменти завршиле во производот.

Компанијата не прецизираше каде потрошувачите можат да ги вратат производите, ниту како ќе се врши повратот на средствата, но наведе дека постои можност за нивна замена со нов производ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања